формулира (св. и несв.)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Формулирани на ваков начин, одредбите само ја зголемија анксиозноста на кандидатите кои се пријавиле на оглас за конкретно работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Од ова се гледа неможноста или, пак, незнаењето на законодавецот да формулира номотехнички издржана законска одредба, која нема да се менува и по неколку пати за време од неколку години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Најчесто употребуваниот термин во последните децении кој ја формулира оваа надеж е „критика на идеологија“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од друга страна, неговите активности не се регулирани со закон, или со какво било јасно формулирано правило за однесување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Оваа поента Рајт ја формулира во вид на прашање: „Како е можно да се знае што тука бара од мене правилото кое го сфаќам?“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
4 Георги Старделов го формулира своето сознание начинот на кажувањето на Чннго, посочувајќи ни еден целосен паралелизам со народното творештво: „Првиот впечаток со кој се доживува прозата на Живко Чинго се наметнува низ сознанието со кое си го претставуваме нашиот модерен раскажувач низ ликата на нашиот мудар и ингениозен народен раскажувач...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И врз сето тоа, доаѓаат студиите кои се обидуваат да ја формулираат теоријата за литературното преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, од оваа несреќно формулирана одредба се гледа дека ингеренцијата за определување на висината на регресот се делегира на пониско ниво [со грански колективен договор], а такви во РМ се склучени многу малку.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Човекот ја произведува и покрај тоа што го знае она што го формулирал англискиот писател Киплинг: „Кога стомакот те боли не ти помага славата“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но тоа ќе значи кршење на принципот на културниот интегритет што го почитуваат сите три страни, иако никогаш не бил формулиран.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога вајарот го претвора каменот во тело, или кога сликарот го изразува телото како сплесната слика, тие секогаш се држат до сопственото физичко доживување, до своето интимно поимање дека се тело, од каде што неминовно следи чувството дека се личност, како што Фројд го формулирал тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова, последново, пак, го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)